2 Авг 2013
Адинг на Meѓународниот саем за градежништво во Белград (SEEBBE 2013)
Во периодот од 16 до 20 април се одржа 39-от Меѓународен саем за градежништво во Белград, Р.Србија (SEEBBE), како една од најзначајните и најголеми манифестации од областа на градежништвото за регионот на Југоисточна Европа.
Меѓу повеќе од 800 излагачи од 22 земји, и годинава АДИНГ АД Скопје беше присутен на саемот преку својата ќерка фирма АДИНГ Белград. На штандот во хала бр.3 беше претставена комплетната производна програма, а инженерскиот тим со своите совети и искуства беше на располагање на бројните посетители и заинтересирани лица.
Во прилог фотографии од саемот: