3 Мај 2012
Адинг на Саемот за градежништво во Белград 2012 (SEEBBE)
Во периодот од 24 до 26 април се одржа 38-от Меѓународен саем за градежништво во Белград, Р.Србија (SEEBBE), како една од најзначајните и најголеми манифестации од областа на градежништвото за регионот на Југоисточна Европа.
Како и секоја година и годинава АДИНГ АД, Скопје беше присутен на саемот преку својата ќерка фирма АДИНГ Белград. На штандот во хала бр.3 беше претставена целата производна програма, а инженерскиот тим со своите совети и искуства беше на располагање на бројните посетители и заинтересирани лица.