22 Авг 2013
Адинг дел од проектот „100 обновени пешачки премини“
Адинг во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) денеска потпиша согласност за реализирање на проектот „100 обновени пешачки премини за 10.000 ученици“ со Општина Кисела Вода.
Проектот се спроведува со цел подигање на безбедноста во сообраќајот кој во Кисела Вода ќе ги опфати сите пешачки премини пред градинките, основните и средните училишта.