7 Мај 2012
Адинг го поддржа Скопскиот маратон \'12
Адинг беше поддржувач на овогодинешниот Скопски маратон кој се одржа на 6.05.2012. Годинава маратонот постави рекорд - најмногу учесници до сега. Вкупно 3500 учесници стартуваа во сите три трки.
Првото место кај мажите го освои Патрик Мичеми Вамбугу од Кенија, а кај жените Сесилија Вангуи Варатумо исто така од Кенија. На маратонот се натпреваруваа 180 натпреварувачи, а за полумаратонот стартуваа 370 натпреварувачи. Најмногу тркачи по скопските улици имаше за трката на 5000 метри, хуманитарната трка каде што стартуваа околу 3000 натпреварувачи.
Во прилог и фотографии од настанот: