12 Јун 2018
АДИНГ СО ПОДДРШКА ЗА 16. ПОДУНАВСКО-ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГЕОТЕХНИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО
Годинава нашата земја ја имаше честа да биде домаќин на 16. Подунавско-европска конференција за геотехничко инженерство на тема „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“.
На настанот организиран од Друштвото за геотехника на Македонија, беа разменети искуства во оваа научна и практична област со повеќе од 250 учесници, кои се претставија со 150 трудови од целиот свет.
Адинг го поддржа настанот, како дел од долгогодишната пракса за поддршка на вакви научни собири, поврзани со дејноста и областите во кои делуваме како компанија.