Image18 Мар 2022

АДИНГ НА 8. МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ГРАДЕЖНИШТВО - НАУКА И ПРАКСА 2022“

Од 8 до 12 март 2022 година во Колашин, Црна Гора се одржа Осмата меѓународна научно-стручна конференција „Градежништво - наука и пракса“, во организација на Градежниот факултет, НВО „Градежништво - наука и пракса “ и Комората на инженери на Црна Гора.

На конференцијата земаа учество стручни лица и компании од повеќе земји од светот и од регионот.

Адинг на конференцијата ги претстави производните капацитети и успешноста на компанијата, како и искуствата од минати и тековни проекти од тунелоградбата во Црна Гора и регионот.