АДИНГ АД Скопје се стекна со А – дозвола за усогласување со оперативен план
На 13.01.2014 АДИНГ доби А - дозвола за усогласување со оперативен план издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија.
Добивањето на А - интегрирана еколошка дозвола е резултат на усовршувањето и модернизацијата на производството, како и примената на строгите еколошки стандарди што се компатибилни со стандардите на Европската Унија.
АДИНГ е македонска компанија за производство на хемиски материјали за градежништвото, основана во 1969 година со 45 годишно искуство, извозно ориентирана во повеќе од 13 држави во светот. Како докажана општествено одговорна компанија, еден од приоритетите на менаџментот е грижата за животната средина, кој е втемелен во деловната политика на АДИНГ.