20 Ное 2025
ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ДЕТЕТО, ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ И ПРИЗНАНИЈАТА ЗА ‚‚НАЈДОБАР ЦРТЕЖ ОД ДЕЦАТА НА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ‘‘
По повод Светскиот ден на детето и оваа година го реализиравме интерниот конкурс „Најдобар цртеж од децата на нашите вработени“, на тема „ЗНАМЕНИТОСТ НА МОЈОТ ГРАД“. Во периодот од 27.10 до 15.11.2025 пристигнаа многу креативни детски цртежи, кои тричлена комисија ги оцени со особено внимание.

Избрани беа шест најдобри цртежи во две возрасни категории – до 8 години и од 9 до 14 години.
Наградените деца добија дипломи и парични награди наменети за поддршка на нивните воншколски активности, а сите останати учесници ги израдувавме со благодарници и комплети за ликовно творење.

Со овој традиционален конкурс ја негуваме детската имагинација и ја истакнуваме важноста на креативниот развој. И оваа година, детските цртежи ни донесоа многу радост и уште еднаш нè потсетија колку е бескрајна детската фантазија.

MK
EN