
Адинг учесник и сребрен спонзор на „II Симпозиум за бетони во Тузла“: Бетони и цементи од новата генерација
Во организација на Институтот ГИТ, Тузла на 28 ноември се одржа вториот симпозиум за бетони на кој се собраа експерти од градежната индустрија, од БиХ и од странство. Институтот кој годинава славеше јубилејни 40 години, ги сподели искуствата преку презентирање на најновите достигнувања во областа на одржливото производство.
На овој сипозиум главна стручна тема беше намалувањето на емисиите на CO2 при производството на цемент и бетон, како и предавања кои се занимаваат со иновативни решенија за одржливо производство на цемент.
Покрај техничките иновации, значително внимание беше посветено и на новите законски рамки за изработката на техничко одобрение за цемент со намалени емисии на CO2. Дискусијата ги опфати новите предизвици на производителите на адитиви за бетон, особено за користење на цемент со ниска содржина на CO2.
Адинг овој симпозиум го поддржа како сребрен спонзор, а воедно се претстaвивме и со предавање на инж. Филип Попорданоски од Техничка Примена на тема ‚‚Additives for Sustainable Cement and Concrete: Case Studies from ADING‘‘.