10 Мар 2026
АДИНГ на два пролетни меѓународни настани во Црна Гора и Босна и Херцеговина
Годинава бевме поддржувачи на 10-тата Меѓународна конференција „Градежно инженерство – Наука и Пракса“ (ГНП 2026), која се одржа од 4 до 7 март во Црна Гора.
Освен комерцијалниот дел и презентација за нашата компанија, презентација имаше инж. Ирина Стефановска од нашиот тим за Истражување и Развој.
Научно-истражувачкиот труд е со наслов „Превенција на корозија кај АБ конструкции со користење инхибитори на корозија (PREVENTING CORROSION IN RC STRUCTURES USING MIGRATORY CORROSION INHIBITORS).“
Исто така, во периодот од 10-11 Февруари, бевме поддржувачи на регионалната конференција СФЕРА 2026 -Технологии за бетон, која се одржа во Сараево, БиХ.

Овде имавме комерцијално претставување на компанијата, изложбен штанд каде беше презентирана нашата производна програма со акцент на адитивите за бетони.

MK
EN
SHQ
BG
RS