Image15 Окт 2019

Учество и стручни презентации на Адинг за време на Симпозиумот на ДГКМ 2019

“18ти Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2019)” се одржа од 2. до 5. Октомври, 2019 во Охрид, Македонија. Симпозиумот се фокусираше на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на досегашната практика и на најновите достигнувања во областа на следење и испитување на конструкциите, конструктивното моделирање, методите за оценување на состојбата, како и примената на современи материјали за санација на конструкциите.



На самиот настан, од страна на претседателот на ДГКМ Проф.д-р Мери Цветковска, признание за „Заслужен член на ДГКМ“ му беше доделено на директор Александар Белев дипл.град.инж. (АДИНГ). Понатаму, за време на симпозиумот беше презентиран Проект „Стреп“ на тема „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЅИДАРИЈА СО КОНСТРУКТИВНО ПРЕФУГИРАЊЕ“ изработен од нашите инженери Бојан Дамчевски и Јанчев Диме, а во соработка со вработени во ИЗИИС и професори од Градежен факултет Скопје.

Исто така, презентација на труд на тема „ВРСКА ПОМЕЃУ БЕТОНИ СО РАЗЛИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ“ имаше уште еден наш преставник инж. Никола Узунов, а во соработка со проф. др. Горан Марковски од Градежен факултет Скопје.

Двата труда може да ги погледнете во делот Публикации на нашата веб страна.