Image19 Сеп 2024

Есенски дел од презентациите за малопродажниот сегмент од производната програма

Во есенскиот дел беа одржани неколку презентации, а како продолжение на успешните презентации во првиот дел од годината.

На 18.09. бевме во градот Неготино, каде одржавме презентација пред соработниците на нашиот продажен партнер “Де-Ро“. На 01.10. во Скопје бевме домаќини на соработниците на “Фриго Шоб', а на 09.10. бевме во Радовиш кај нашиот прдажен партнер „Валентина - Промет“. 

Работните теми беа, презентација на новитетите во производната програма и применски совети од нашите експерти од Техничка примена. Акцентот беше ставен на производите за завршни работи во градежништвото, фасадните системи, лепилата за керамика, хидроизолациите, смесите за израмнување. 

Дел од работната атмосферата низ фотографии:

Презентација во „Де-Ро“ Неготино.

Презентација пред соработниците на „Фриго Шоб“ во Скопје.

Презентација пред соработниците на „Валентина - Промет“ во Радовиш.