Image6 Апр 2022

АДИНГ ЌЕ ОБЕЗБЕДУВА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРЕКУ ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ

Општествената одговорност е една од определбите на нашата компанија и во таа насока продолжуваме со нашиот одржлив развој. Во тек е инсталација на фотонапонска централа за сопствено производство на електрична енергија. На овој начин стоиме цврсто на заложбите за зачувување на животната средина и учествуваме во современите светски текови за декарбонизација на земјата и истовремено ја намалуваме енергетската зависност на нашата држава. 

Со ставањето во целосна фукционалност на оваа централа ќе спречиме годишна емисија на околу 360 тони CO2 да завршат во нашата атмосфера, под претпоставка дека ова производство заменува производство од термоцентрала која работи на јаглен. Инсталацијата на фотонапонските соларни панели се прави на дел од кровните површини на објектите, кои се со југоисточна ориентација, и ќе се простираат на вкупна површина од 2000 квадратни метри.

Фотонапонскиот систем ќе биде составен од 480 фотонапонски модули со вкупно инсталирана моќност од приближно 270 kWр. Вкупната произведена електрична енергија од фотонапонската централа се проценува да изнесува приближно 360 MWh на годишно ниво, што е еквивалент на досегашните годишни потреби за електрична енергија на Адинг. Ова е инвестиција која е во процес на реализација и изнесува приближно 13.000.000 денари.