Image31 Мај 2024

ЈУБИЛЕЕН 55-ТИ РОДЕНДЕН НА АДИНГ

Повеќе од пет децении сме позиционирани како водечки бренд во градежната хемија во Македонија и поширокиот регион, одржувајќи континуиран квалитет и иновативност. Во овие 55 години компанијата растеше и напредуваше, прераснувајќи во синоним за знаење и искуство.

На 30-ти мај во фабричкиот двор на Адинг беше одржан интерен настан за сите наши вработени. Се доделија признанија на вработените кои се дел од компанијата 10, 20, 25 и 30 години, а беа врачени и рачно изработени реплики од „Молекулот – симбол на АДИНГ”, како признание за поранешните вработени.

Настанот беше можност да се собереме сите на едно место и да си честитаме за изминатите години, целиот труд, посветеноста и лојалноста кон компанијата. Како што истакна и Претседателот на УО и генерален директор Зоран Петровски, успехот е резултат на заедничката, тимската работа и максималната вклученост на сите во работата.

Овој настан се одржа во нашиот фабрички парк, комбиниран со добра музика и весели лица на нашите луѓе.